Македонија испрати екипа на СП во е-Спорт! (ФОТО)


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Македонската е-спорт федерација го испрати тимот на Македонија, кој ќе се натпреварува во „Кантер Страјк: Глобал Офензив“ на Светското првенство.

„Драги гејмери и гејмерки, да им посакаме многу среќа на нашите дечки кои ќе ја претставуваат Македонија во Counter Strike: Global Offensive во Каошиунг, Тајван.

Да ве потсетиме дека Vilay Esport ќе настапат на 10. Светско еСпорт Првенство на IESF – International Esports Federation кое се оддржува во Тајван и воедно е единсвен настан каде учесниците се држави.

Македонија е во Група Б заедно со Израел, Данска и Намибија“, напишаа на официјалниот фејсбук профил.