Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекцијата на Македонија на одличен начин ги започна финалните подготовки пред Светското првенство кое во јануари ќе се одржи во Германија и Данска.
Избраниците на Раул Гонзалез со убедливи 37:31 успеаја да слават против незгодната репрезентација на Србија.
Првото полувреме ни припадна нам и по одличните 30 минути на пауза заминавме со 19:13. Македонија одлично одигра и во второто полувреме, па во последните 30 минути само ја потврди играта од првиот дел и со конечни 37:31 го доби овој натпревар.
Најефикасен на средбата беше Дејан Манасков со девет погодоци, додека Филип Кузмановски застана на шест.
Утре ќе се одигра уште еден натпревар помеѓу овие две репрезентации, но истиот ќе биде од затворен карактер, а на него се очекува Раул да им даде шанса на сите ракометари кои ги има во ростерот, нешто што не беше случај на денешниот натпревар.