Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија очекувано ја оправда фаворитската улога во првиот бараж-натпревар против Романија, откако нашите ракометари триумфираа со 32:24 во салата „Борис Трајковски“.
Македонските ракометари доминираа во натпреварот, иако имаа лош старт и негатива од 0-2, но потоа се „разбудија“ и постојано ја зголемуваа разликата, како што изминуваше времето до конечни 32:24.
Најдобар стрелец во нашата селекција беше Кире Лазаров со осум погодоци, а исто така Борко Ристовски имаше одличен натпревар и дури 14 одбрани.
Реванш-натпреварот помеѓу Македонија и Романија се игра на 13. јуни на гостински терен.