Македонија не знае да сопре – Минимална победа против Бугарија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата до 21 година успеа да ја победи Бугарија со 1:0 во пријателски натпревар одигран во тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Првата шанса на натпреварот ја имаше Ангелов во 6-та минута, но неговиот удар го одбрани голманот Крастев. По 2 минути Радески испушти уште една одлична шанса.

Во 41-та минута повторно непрецизен удар на Бабунски, а доминацијата конечно донесе резултат во 43-та минута кога Радески погоди за 1:0.

Бугарите имаа 2 шанси, но не успеаа да ги искористат.

Македонија доби пенал во 86-та минута, а не успеа да погоди Петковски, откако Крастев беше подобар од него.