Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Македонија по поразите на Србија и Белорусија од Франција односно Шведска ќе биде најмалку десетто пласирана селекција на континенталниот собир.
Тоа значи дека нашите момци ќе бидат носители во ждрепката за бараж натпреварот за Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Данска и Германија. Тоа значи дека големи се шансите да извлечеме репрезентација која е послаба од нас и со која би имале полесна шанса за пласман на Мундијалот.
Секако останува отворена и можноста преку медал да се дојде до Светското првенство затоа што првите три репрезентации од Европскиот собир ќе бидат сигурни учесници на Мундијалот. Македонија се уште има шанса за такво нешто, а се додека има шанса не треба да ја отпишуваме, но најпрво треба да славиме против Чешка и Данска.