Македонија под уставното име на светското теквондо ИТФ првенство


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, од 15-ти до 21-ви септември се одржа 20-тото светско теквондо ИТФ првенство за сениори.

На ова натпреварување учествува претставници од 70 земји низ светот, а Македонија под уставното име беше претставена од страна на Марјанчо Лазаревски, претседател на македонската ИТФ.

„Иако поради моменталната политичка ситуација во светот во врска со Северна Кореја, на првенството не беа дојдени претставници од Јужна Америка, сепак таму  учествуваа најдобрите борци на светов и имавме прилика да гледаме спектакуларни борби, од кои застанува здивот. Кореја е мајка на теквондото и домаќините дадоа се од себе да се претстават во најубаво светло“, вели Марјанчо Лазаревски, кој додава дека во историскиот музеј на теквондото во Пјонгјанг, на картата од целиот свет се означени државите каде има ИТФ, а меѓу нив е и Македонија, под своето уставно име.

Лазаревски посочува дека за успешното претставување на Македонија и овој пат е најзаслужен генералниот спонзор ПН Метал.