Македонија со два бронзени медали се врати од Европското првенство во Таеквондо во Талин


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Таеквондо ИТФ репрезентацијата на Македонија, предводена од претседателот, Марјанчо Лазаревски (црн појас, IV дан) учествуваше на Европското таеквондо првенство кое се одржа во Талин, Естонија.

На ова првенство учествуваа 33 земји од Европа и на него имаше над 1200 натпреварувачи, а нашите претставници успеаја да се вратат со два бронзени медали.

„Иако освоивме бронза, овие медали светат како злато, бидејќи после долги години повторно успеавме да се качиме на Европскиот пиедестал, со што го кренавме рејтингот на нашта држава во Европската ИТФ федерација“- коментираше Лазаревски.

Македонија во Талин ја претставуваа двајца натпреварувачи и тоа:

Ацо Јосифоски, црн појас IV дан- се натпреваруваше во категоријата ветерани, во две дисциплини- форми за црн појас IV дан и борби -73 кг. Јосифоски и во двете дисциплини се закити со бронзен медал.

Филип Јосифоски, црн појас II дан, се натпреваруваше во категоријата сениори, во три дисциплини и тоа форми за црн појас II дан, специјални техники и борби до 64 кг.