Македонија со нов напредок на ранг-листата на ФИФА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Македонија забележа нов напредок на ФИФА-листата, која беше објавена денеска.

Македонската селекција сега се наоѓа на 68. позиција во светот, а тоа е напредок од две места во однос на претходниот месец.

Македонија напредуваше благодарение на победите против Гибралтар и Ерменија во Лигата на нации, каде што постојат големи шанси да завршиме и на првата позиција во групата.

Инаку, најдобар пласман на Македонија е 60. место.