„Мали се шансите да го задржиме Балотели“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Ница се свесни дека тешко ќе можат да го задржат Марио Балотели.

Италијанскиот напаѓач ја оживеа својата кариера оваа сезона играјќи во Ница и е втор стрелец во својот тим, а доколку продолжи со одличните игри, јасно е дека наскоро ќе ја напушти Ница и ќе заигра повторно за еден од големите европски тимови.

Тоа, меѓу останатите, го знае и претседателот на клубот, Жан-Пјер Ривера.

„Мали се шансите да го задржиме Балотели во Ница. Мислам дека ќе се повторни ситуацијата со Бен Арфа, но размислуваме позитивно“, изјави Ривера.

Балотели досега постигна шест гола во исто толку натпревари.