Малку недостасуваше: Ѕвездата на Ајака на чекор да го одбие повикот за настап за репрезентацијата на Бразил…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фантастичните партии во дресот на Ајакс му донесоа на младиот Давид Нерес место во фудбалската репрезентација на Бразил.

Овој 22-годишен крилен фудбалер оваа сезона во 37 настапи постигна шест погодоци и 13 асистенции, а фантастичните игри не минаа незабележано кај бразилскиот селектор Тите, кој одлучи за првпат да го повика.

Но, малку недостасуваше Нерес да остане без повик. Постојано ѕвездата на Ајакс не се јавувала на непознатиот број…

„Мобилниот ми ѕвонеше двапати, но не се јавував бидејќи го немав меморирано тој број. Потоа сфатив дека станува збор за селекторот на Бразил – Тите, па веднаш го повикав“, раскажа Нерес.

Младиот Бразилец оваа зима беше на чекор од заминување во Кина каде тешко би се наметнал кај селекторот.

„Оваа недела беше неверојатна, дефинитивно најголема некогаш во мојата кариера. Да заминев во Кина, никогаш не би пристигнал повикот. Пресреќен сум, сите ние сонуваме да играме за Бразил“.

Нерес во Амстердам стигна во јануари 2017. година од Сао Паоло.