Манчестер сити го воодушеви навивачите со новиот гостински дрес (ФОТО)

Фудбалерите на Манчестер сити се на подготовки за наредната сезона, во која ќе ја бранат титулата во Премиерлигата.

Навивачите на Сити се надеваат дека и наредната сезона нивната екипа ќе доминира во Премиерлигата, а исто така, ќе успеат да ја освојат Лигата на шампиони.

Во меѓувреме, „граѓаните“ на социјалните мрежи го открија изгледот на гостинскиот дрес за наредната сезона, а дизајнот на „Најк“ ги воодушеви навивачите од „Етихад“.