Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Манчестер Сити и официјално објавија дека постигнале договор за продолжување на соработката со младиот плејмејкер, Фил Фоден.
18 годишниот фудбалер кој важи за еден од најталентираните фудбалери на „Граѓаните“ се обврза на нов петгодишен договор кој ќе го задржи на „Етихад“ до 2024 година.
Овој договор доаѓа како одговор на Манчестер Сити на големиот интерес на неколку европски гиганти за Фоден. Младиот англиски репрезентативец беше мета на Борусија Дортмунд од каде планираа да го донесат и веднаш да му дадат шанса во првиот тим, нешто слично како што направија со Џејдон Санчо.