Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Од таборот на Манчестер Јунајтед објавија дека Ајмерик Лапорте го продолжил договорот со клубот до 2025 година.
Играчот од одбраната пристигна во Сити во јануари 2018 година, и за нешто повеќе од една година во клубот успеа да си обезбеди нов, далеку побогат договор.
Лапорте е еден од најстандардните играчи на Манчестер Сити, а оваа сезона нема пропуштено ниту еден натпревар во Премиер лигата.
„Не можам да бидам посреќен откако го продолжив договорот со Манчестер Сити. Од првиот ден кога пристигнав се чувствував добредојден од Пеп и сите фудбалери. Клубот ми даде се за да напредувам во мојата игра“- коментираше Лапорте по потпишувањето на договорот.