Манчестер Сити донесе ново засилување во последниот ден од преодниот рок (Фото)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Манчестер Сити утрово потврдија дека постигнале договор со Мелбурн Сити за трансфер на нивниот најдобар играч, Даниел Арзани.

Станува збор за 19 годишен фудбалер кој се смета за најталентираниот Австралиец во моментов.

Арзани игра на крилните позиции, а беше  најмладиот фудбалер кој патувал и кој дебитирал за Австралија на едно Светско првенство. Фудбалерот дебитираше на Мундијалот на натпреварот против Франција.

Од таборот на Манчестер Сити потврдија дека деновиве ќе се знае што ќе биде со Арзани, дали ќе замине на позајмица или ќе се развива во младиот тим со можност за минутажа и меѓу сениорите.