Манчестер Сити заврши голема работа на една недела до почетокот на Премиер лигата


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Од таборот на Манчестер Сити завршија голема работа на само една недела о почетокот на новата сезона во Премиер Лигата.

Имено, еден од најдобрите фудбалери на клубот, младиот Бразилец, Габриел Хесус потпиша нов петгодишен договор со „Граѓаните“ кој ќе го задржи на „Етихад“ до 2023 година.

„Сакам да им се заблагодарам на фановите за нивното топло добредојде и за начинот на кој се однесуваа со мене. Можам да кажам дека доаѓањето во Сити беше моја најдобра одлука која ја направив во животот.

Исто сакам да му се заблагодарам на клубот. Пеп има важна улога во моето доаѓање овде, Сити е голем клуб и ќе биде уште поголем во иднина“ –коментираше Габриел Хесус.