Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот дефанзивец остави одличен впечаток оваа сезона.
Англиски „Сан“ ја пренесува веста дека лондонскиот клуб сериозно загризал за левиот бек на Кристал Палс – Арон Ван-Бисаке.
Англискиот фудбалер изминатата година беше прекомандуван од младите селекции во првиот тим на клубот.
Оваа сезона забележа 25 натпревари во Премиер лигата за тимот кој од клупата го предводи Рој Ходсон, а со своите партии и тоа како ја зголеми својата вредност.
Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал веќе ги отворил преговорите и дека е подготвен да понуди 50 милиони евра за услугите на 20-годишниот играч.
Проблем може да направи Пеп Гвардиола кој исто така е заинтересиран да ја засили позицијата лев бек земајќи ги предвид честите проблеми со повредите на Менди.