Манчестер Сити не е клуб за секого: Напаѓач прави голем чекор назад во својата кариера


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Кога Вилфред Бони дојде од Свонси во Сити на почетокот на 2015 година, управата на Сити му дадоа предност во однос на Џеко, кој по кратко време замина во Рома.

    Одамна на сите им е јасно дека тоа е грешка, а дека Бони нема што да бара во англискиот фудбал потврда е и трансферот кој најверојатно ќе биде реализиран во јануари.

    Според медиумите Бони ќе замине во Кина.

    Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска е на позајмица во Стоук, а според договорот на двата клубови, договорот за позајмица може да биде прекинат во случај Сити да добие понуда за него.

    Бони во случај да замине во Кина ќе тргне по стапките на Пеле, Рамирес, Мартинез и голем број други ѕвезди кои ги примамија парите.