Манчестер Сити фаворит во трката за потписот на тинејџерската сензација од Ајакс


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


„Дејли Мејл“ пренесува дека Манчестер Сити е фаворит во трката по потписот на Матијс де Лигт од Ајакс.

За 19 годишниот фудбалер од одбраната постои сериозен интерес од речиси сите топ екипи ширум Европа, а освен Сити како сериозни кандидати за неговиот потпис се сметаат Барселона и Јувентус.

Голманот на Ајакс, Андре Онана неодамна истакна дека Де Лигт сака да направи трансфер во Барселона, но „Дејли Мејл“ пренесува дека каталонскиот клуб не е во позиција да го донесе фудбалерот поради правилата поврзани со финансискиот фер плеј.