Манчестер јунајтед го чекаат 12 пеколни дена кои ќе ја решат судбината на Солскјер


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Норвешкиот тренер Оле Гунар Солскјер стигна на клупата на Манчестер јунајтед пред повеќе од еден месец, откако отказ доби Жозе Мурињо.

Солскјер ги препороди фудбалерите на Јунајтед, па во моментов имаат осум победи по ред. „Црвените ѓаволи“ се вратија во борба за место кое води во Лигата на шампиони, а навивачите се воодушевени од Норвежанецот.

Многу навивачи се надеваат дека Солскјер ќе остане на тренерската позиција и по крајот на сезоната.

Пред Јунајтед сега се 12 пеколни дена во кои ќе се знае во кој правец е тргната сезоната на клубот. Многумина сметаат дека Солскјер има шанса во овие натпревари да го покаже знаењето.

Од 12 февруари почнува пеколно темпо за Јунајтед, а во тие 12 денови игра против ПСЖ, Челси и Ливерпул, а потоа ќе има мечови против Кристал Палас и Саутемптон. Па, потоа повторно пекол зашто играат меѓу ПСЖ, Арсенал и Манчестер сити.