Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Арсенал планирале дефанзивните проблеми со кои се соочуваат да ги решат со фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Бејли.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска не е во прв план ниту кај Солскјер, а единствената шанса што ја доби за да се докаже беше на натпреварот против Борнмут на кој заработи директен црвен картон.
Наводно „Топчиите“ испратиле понуда до Манчестер Јунајтед за шестемесечна позајмица на 24 годишниот фудбалер со можност перманентно да го откупат неговиот договор по крајот на сезоната, но таквото нешто категорично било одбиено од страна на „Ѓаволите“.