Манчестер јунајтед ептен загрен за играч на Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Управата на Манчестер јунајтед беше заинтересирана за Хари Мегвајер од Лестер сити, но откако не успеаа да се договорат со „лисиците“, тие тргнаа по други алтернативи.

Тренерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, го сакаше Мегвајер во тимот, но Лестер не сака да преговара за еден од своите најдобри играчи, па поради тоа Португалецот ќе се обиде да ангажира фудбалер на Барселона.

Јунајтед покажа интерес за Џери мина, кој има 23 години и сака да си замине од Каталонија, иако таму помина нешто повеќе од шест месеци.

Каталонците за неговиот трансфер прво бараа 50 милиони фунти, но потоа наводно решиле да ја намалат сумата на „само“ – 35 милиони фунти, која не би требало да биде проблем за „црвените ѓаволи“ да ја платат.