Манчестер Јунајтед е чист кон Мурињо: Сега се чека потегот на Флорентино Перез?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За потсетување, Португалецот во текот на изминатиот месец, по поразот од Ливерпул, заработи отказ на клупата на „Црвените ѓаволи“, а го замени Оле Гунар Солскјер.

Со оглед на тоа дека имаше важечки договор со клубот до крајот на сезоната 2019/20, на Португалецот поради отказ му се платени 15 милиони фунти. Оваа информација за Дејли Меил ја пренесе извор близок на Мурињо кој додава дека се е решено сега кога се во прашање Манчестер и португалскиот тренер и дека тој сега може да почне да бара нов клуб.

Инаку, Португалецот на големо се поврзува со Реал Мадрид, а споменатиот извор истакна дека Мурињо нема намера да брза и дека дури не би имал ништо против да почека сезоната да се заврши пред да преземе некој клуб.

Британски Сан, пренесува дека до договор околу исплаќање на сума дошло откако се состанале агентот на Мурињо, Мендес и извршниот претседател на Јунајред, Ед Вудворд.

Шпанските медиуми објавија дека Мурињо нема долго да биде без работа, и дека во следните неколку недели би требало да биде избран за нов тренер на Реал Мадрид. Флорентино Перез сака да го врати „Специјалниот“ на „Бернабеу“ иако во својот прв мандат не се покажа најдобро.

Шпанскиот новинар, Франес Агилар објави дека Мурињо сака да се врати во кралскиот клуб, но дека пред тоа поставил два услови пред Перез што се однесува до јануарскиот преоден рок.

„Мурињо неодамна ја одби понудата од Бенфика, а потоа го повика Перез. Му кажа дека нема никаков проблем да го презеде тој клуб, но постави два услови. Сака Перез да донесе засилувања во одбраната, и напаѓач кој веќе се докажал како голгетер“, наведува шпанскиот новинар.

Очигледно Мурињо не е задоволен што во нападот единствен избор му е Карим Бензема, а рака на срце францускиот напаѓач и не е претерано ефикасен во последните неколку години. Но, далу Мурињо навистина ќе се врати ќе дознаеме многу брзо.