Манчестер Јунајтед заинтересиран за напаѓач на Бристол Сити


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во своите редови го посакува напаѓачот на Бристол Сити, кој во моментов е на позајмица во Њупорт Каунти, Ентони Семењо.

„Бристо Пост“ пренесува изјава од главниот човек задолжен за позајмени фудбалери на Бристол Сити, Брајан Тинион кој потврди дека скаути на Јунајтед го следеле младиот фудбалер.

„Седев со скаут на Манчестер Јунајтед во Њупорт минатата недела, и да бидам искрен, навистина им се допадна Ентони. Луѓето го сакаат затоа што има само 18 години. Имаме многу големи таленти во нашиот тим, а Семењо е еден од најголемите“ –коментираше Тинион.