Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Барселона е сигурна дека ќе го победи Манчестер Јунајтед за потписот на Гризман, според медиумите од Шпанија.
Манчестер Јунајтед и Барселона водат тешка битка за неговиот потпис, но според медиумите од Шпанија се верува дека Барселона е во предност и ако потпише за нив тој ќе стане втор најплатен фудбалер по Меси.
„Cadena Ser“ објави дека Барселона ќе ја плати откупната клаузула од 86 милиони фунти.
Барселона пред некој ден го комплетираше трансферот на Кутињо за 145 милиони фунти од Ливерпул, но тие повторно ќе пазаруваат.
Доколку потпише за нив, Гризман ќе добие 425.000 фунти неделно, иста плата каква што има Луис Суарез.
Атлетико Мадрид сака да остане Гризман во тимот, но очигледно нема да успеат во тоа.