Манчестер јунајтед му нуди „страшен“ договор на Марсијал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ентони Марсијал претходно побара да замине од Манчестер јунајтед, но очигледно се предомислил, па според англиските медуми ќе остане на „Олд Трафорд“ и ќе добие подобар договор.

Во текот на претходниот преоден рок се зборуваше многу за желбата на Марсијал, кој сакаше да замине од Манчестер, но очигледно се предомислил.

За само неколку недели, Марсијал добил понуда да го продолжи договорот со клубот, а сега би требало да добие плата од 190.000 фунти неделно, односно петгодишен договор и 57 милиони евра за целиот период.

Дали ова ќе биде доволно за Марсијал да остане на „Олд Трафорд“ останува да видиме.