Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите во Италија пренесуваат дека од редовите на Манчестер Јунајтед се подготвени да испратат еден играч и плус да понудат одредена сума на пари за да го донесат српскиот интернационалец, Никола Миленковиќ.
„Црвените ѓаволи“ се во потрага по играч од одбраната со оглед дека се соочуваат со големи проблеми во овој дел од тимот.
Никола Миленковиќ е едно од имињата кои се поврзуваат со Манчестер Јунајтед, а сега „Ла Национе“ пишува дека „ѓаволите“ биле подготвени во договорот за играчот да го вклучат и Андреас Переира кој се поизвесно ќе си замине од клубот.
За бразилскиот интернационалец има интерес од Евертон и Арсенал, но од Манчестер Јунајтед преферираат да го продадат во тим кој не игра во Премиер лигата.