Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека од таборот на Манчестер Јунајтед се подготвени да платат 40 милиони фунти на Кристал Палас за услугите на Арон Ван Бисака.
21 годишниот десен бек игра феноменална сезона за тимот од „Селхрст Парк“ и со право го привлече вниманието на големите англиски клубови.
Ван Бисака потекнува од школата на Кристал Палас и ова му е прва цела сезона во Премиер лигата, но веќе покажува дека станува збор за одличен фудбалер за во иднина.
Освен Манчестер Јунајтед, за неговите услуги сериозно загриза и Баерн Минхен кој сака да го добие играчот следното лето.