Манчестер Јунајтед подготви 25 милиони фунти, а ова неверојатно чудо на ПСВ…?! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед проигра од пристигнувањето на Оле Гунар Солскјер на клупата. Проработи и нападот на „Црвените ѓаволи“, а тој до крајот на зимскиот преоден рок би можел да биде посилен за талентираниот Стевен Бергвијн.

Челниците на Јунајтед оваа сезона веќе ги испратија своите скаути да го следат 21-годишниот крилен напаѓач на ПСВ, а сега „Црвените ѓаволи“ се подготвени да испратат понуда за младиот репрезентативец на Холандија.

Британски Мирор шпекулира дека првата понуда од Јунајтед би можела да изнесува 25 милиони фунти, а останува да се види дали тоа ќе биде доволно за потписот на Бергвијн.

Инаку, Бергвијн во јуни изминатата година потпиша продолжување на соработката со ПСВ до 2022. година, а холандскиот великан летово веќе одби неколку понуди за својот млад офанзивец, вклучувајќи ги оние на Торино и Бордо.

Иако неодамна порача дека моментално не го интересираат гласините за интересот од големите клубови, повикот од „Олд Трафорд“ тешко е да се одбие…

На крајот треба да се додаде и дека Бергвијн беше член на младинскиот погон на Ајакс пред да се приклучи на ПСВ, а во првиот тим од Ајндховен се проби 2015. година како тинејџер. Оваа сезона одигра 16 натпревари во холандскиот шампионат, и постигна девет погодоци со седум асистенции.