Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Директорот на клубот од Милано, Пјер Асулио потврди дека Јунајтед е сериозно заинтересиран за играчот на Интер, Иван Перишиќ.
Како што пренесува тој досега Интер одбил една понуда од англичаните за храватскиот интернационалец, а првата понуда изнесувала ни помалку ни повеќе туку 39 милиони фунти, но Интер ја одбил.
Тимот од Манчестер нема лесно да се предаде и да ја загуби битката за Иван Перишиќ, според италијанските медиуми, Јунајтед ќе се врати по него со нова и подобрена понуда од 45 милиони.
Иако во прашање се огромна сума на пари, од Интер велат дека играчот нема да оди никаде, туку веќе тренира со клубот.