Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Англиските медиуми утрово пишуваат дека Манчестер Јунајтед наводно се договорил со Лацио за трансфер на српскиот интернационалец, Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Мурињо веќе почна со плановите за наредната сезона во обидот да го врати трофејот на „Олд Трафорд“, а прв трансфер веројатно ќе биде српскиот репрезентативец. 23 годишниот фудбалер би ги чинел „ѓаволите“ 80 милиони фунти.
Наводно минатата недела разговорите помеѓу претставниците на Јунајтед и Лацио поминале во најдобар ред, па сега „ѓаволите“ се сметаат како главни фаворити за потписот на фудбалерот кој оваа сезона блеска во дресот на Лацио.













