Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед славеше убедлива победа на домашен терен против екипата на Стоук во последниот натпревар од 23. коло од Премиер лигата.
Избраниците на Мурињо со 3:0 го совладаа 18тиот тим на првенствената табела и со тоа го намалија заостанувањето зад Манчестер Сити на 12 бодови.
Стрелци на головите за Манчестер Јунајтед беа Антонио Валенсија во 9. минута, Марсијал во 38. минута и Ромелу Лукаку во 72. минута. Одлична партија имаше Пол Погба кој иако не погоди забележа две асистенции.