Манчестер Јунајтед славеше во дербито против Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед на домашен терен по пресврт славеше голема победа против Челси (2:1) во рамките од 28. коло од Премиер лигата.

Гостите многу подобро влегоа во натпреварот и по само четири минути имаа голема шанса кога Мората ја погоди пречката.

Во 32. минута „сините“ го отворија резултатот преку нивниот најдобар играч во моментов, Вилијан.

Сепак нивната радост не траеше баш долго затоа што Лукаку само седум минути подоцна погоди за израмнување на резултатот.

Во второто полувреме првата голема шанса ја имаа домаќините во 68. минута преку Лукаку кој не успеа по втор пат да го матира Куртоа. Сепак, Белгиецот седум минути подоцна беше асистент на Лингард кој со глава по втор пат го совлада Куртоа.

Со оваа победа Јунајтед сега има 59 поени и се наоѓа на второто место на табелата, додека Челси се наоѓа на петтото место со 53 бодови.