До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Иако на теренот се катастрофални и со 0-3 против Тотнем во понеделникот го доживеаа најтешкиот пораз сезонава, сепак акционерите не се загрижни.
Денот кога на теренот се посрамотија против Спарс, во исто време на берзата во Њујорк акциите на клубот имаа годишен раст од 55% и рекордна вредност од 26,05 долари.
Тоа е вредност која клубот го крена на рекордни 4,8 милијарди долари, по што Јунајтед се израмни со Далас Каубојс и сега со нив ја дели титулата за највреден спортски клуб во светот.
Јунајтед во сезоната 2016/17 имаше приход од 737 милиони долари, по што е рекордер, а има и најголем комерцијален приход во спортот во истиот период, 354 милиони долари.
Manchester United’s value hits record $4.8B, matching the Dallas Cowboys as the world’s most valuable sports teamhttps://t.co/1E4Tweg4mN pic.twitter.com/KomZN7e9sw
— Forbes (@Forbes) August 30, 2018















