Манчестер Јунајтед ќе пазари во Барселона?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играчот на Барселона, Жорди Алба.

„АС“ објави дека од таборот на „ѓаволите“ го насочиле своето внимание кон Шпанецот откако веројатно не успеале преговорите со Јувентус за Алекс Сандро.

Моментален прв избор на Мурињо на левата бековска позиција е Ешли Јанг, додека Лук Шо во неколку наврати покажа дека дресот на Манчестер Јунајтед е многу тежок за него, па веројатно ќе си замине во текот на ова лето.