Манчини искрено: Без Роналдо, нема да биде тоа тоа…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вечерва на „Сан Сиро“ во 20:45 во рамки на Лигата на нациите ќе се состанат Италија и Португалија.

Во овој дуел, Португалците ќе бидат ослабени поради неиграњето на својата најголема ѕвезда Кристијано Роналдо, кој зеде пауза во репрезентацијата до крајот на годината, а незадоволството од тоа не го криеше ниту италијанскиот селектор, Роберто Манчини.

„Кристијано е еден од најдобрите фудбалери на светот и сигурно би бил поинаков мечот ако е тој на теренот. Сите ги знаеме неговите квалитети“, истакна Манчини во пресрет на мечот и додаде:

„Има Португалија уште фантастични играчи, особено во нападот. Верувам дека и покрај отсуството на Роналдо ќе биде спректалукарен меч, иако повторувам, би било подобро тој да е тука. Криво ми е што нема да игра“, додаде.

Во групата Португалија е лидер со шест освоени бодови од два мела, додека Италија има четири.