Марадона замина во Мексико по нова работа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Диего Марадона најверојатно ќе стане нов тренер на Дорадос, пренесува мексиканските медиуми.

Клуб Дорадос де Синалоа е во потрага за нов тренер, а легендарниот Аргентинец е прв кандидат и најверојатно тој ќе го преземе клубот, посебно по информацијата дека заминал во Мексико.

Аргентинецот го освои Мундијалот во 1986. година во Мексико, а сега по првпат ќе работи таму. Постојат уште некои детали кои мора да се средат, но тоа нема да влијае на конечната одлука.

Марадона мора да го раскине договорот со Динамо Брест, зашто веќе потпиша дека ќе биде претседател на белорускиот клуб.