Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Аргентина вечерва го игра најважниот натпревар на Светското првенство во Русија во рамки на групната фаза.
Аргентина мора да победи против Нигерија, а притоа да очекуваат Исланд да киксне против Хрватска.
Аргентинците на Мундијалот имаат поддршка и од еден од најдобрите играчи на сите времиња, Диего Армандо Марадона. Тој од првиот ден ја поддржува својата селекција, но јасно е дека не може да биде задоволен со досега прикажаното од неговите сонародници.
Пред вечерашниот натпревар одлучи да испрати јавна порака до Лионел Меси. Капитенот на Аргентина е под голем притисок, а Марадона му кажа дека не е виновен за тоа што се случува во репрезентацијата.
„Имам порака за Лионел Меси и едноставно морам да му кажам. Тој не е виновен за тоа што се случува во репрезентацијата, која поминува низ тежок период. Исто така, сакам да му кажам дека го сакам и дека секогаш ќе го почитувам тоа што го направи“, вели Марадона.