Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Диего Марадона беше во центар на внимание по натпреварот помеѓу Аргентина и Нигерија.
Марадона ја прослави емотивно победата на Аргентина и пласманот во осминафинале, а по натпреварот имаше здравствени проблеми, поради што мораше итно да биде префрлен во болница.
Меѓутоа, еден од најдобрите играчи на сите времиња се огласи веднаш потоа и кажа дека е во ред.
Иако докторите му кажаа дека не смее да се возбудува многу, Марадона сигурно нема да ги послуша. Тој потврди дека денеска ќе биде на трибините на мечот против Франција, а повторно испрати порака на Лионел Меси.
„Ова може да биде Светско првенство во доминација на Меси. Допрва почнува најинтересното, а јас секако ќе бидам на трибините да ја поддржувам својата репрезентација“, вели Марадона.