Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Контроверзниот Диего Марадона во интервју за јужно американските медиуми го советува Лео Меси да се повлече од репрезентацијата на Аргентина.
Иднината на еден од најдобрите фудбалери на денешницата во репрезентативниот дрес се уште не е позната, но се верува дека Меси по втор пат во кариерата ќе се повлече од активното играње во репрезентативниот дрес.
„Што би му кажал на Меси? Да не се враќа повеќе и да се пензионира. Репрезентацијата под 15 години ќе загуби и Меси е виновен, Меси е виновен за натпреварите во Аргентина. Тој е човекот кој секогаш е виновен за се. Би му рекол да не оди повеќе во репрезентацијата и да видиме дали ќе може да се справат со тоа“ –коментираше Марадона.