„Мареј е многу фокусиран да го престигне Ѓоковиќ“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Шпанецот Агут по победата против Ѓоковиќ во ½-финалето на Мастерсот во Шангај во борбата за титулата беше поразен од Мареј.

    Агут смета дека 2-от играч во светот има добри шанси да го престигне најдобриот српски тенисер.

    Моменталната разлика е 2415.

    „Енди прави се како што треба за да фати чекор со Ѓоковиќ. Ако продолжи да работи на себе и го задржи ова ниво на игра… Тој е многу фокусиран на тоа да стане прв играч во светот.“

    Шпанецот е задоволен со својот резултат во Шангај.

    „Се надевам дека ќе го извлечам максимумот по Шангај. Засега се оди добро за мене.“