„Мареј и Ѓоковиќ остануваат фаворити“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Федерер го освои Австралијан Опен и покажа дека не е старо железо, Тони Надал смета дека Мареј и Ѓоковиќ остануваат и понатаму најголеми фаворити за освојување на следните три грен слем турнири како и на другите турнири каде што ќе играат.

Чичкото и тренер на Надал смета дека Британецот и Србинот се далеку пред сите.

„Поразите на Мареј и Ѓоковиќ беа изненадување, но тоа е само еден турнир, да почекаме за да видиме што ќе се случи. За мене и понатаму тие двајца се апсолутни фаворити на сите турнири“ – изјави Тони Надал.

Ноле Австралијан Опен го заврши во втората рунда, додека Мареј во третата.