„Мареј мора да напредува ако сака да остане број еден“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Лион Смит, селекторот на Дејвис куп репрезентацијата на Велика Британија, вели дека Мареј мора дополнително да се подобри ако  сака да остане број еден.

    „Може да замислите како ќе изгледаат неговите подготовки за новата сеозна – ќе работи до последната капка пот и ќе се обиде да стане уште подобар. Сега кога е број еден мора да најде начин таму и да остане.“

    Мареј од Пекинг победи на 24 натпревари во низа и освои 5 титули, а во директен дуел за првото место го победи Ѓоковиќ во натпреварот за трофеј во Лондон.

    „Неверојатно колку многу му беше потребно да дојде од број 2 до место број 1. Можеш да влезеш во серија на победи и од 100-то место да напредуваш многу, но за 1 место треба да се направи нешто неверојатно, затоа сум импресиониран како Мареј напредува.“

    За крај, тој изјави дека Иван Лендл многу помогнал во успехот, но дека не треба ниту да се заборави вториот тренер на Енди, а тоа е Џејми Делгадо.