Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Завршниот турнир во Лондон почнува утре, а Енди Мареј смета дека е далеку подобар од минатата сезона.
Најдобриот тенисер во светот, Енди Мареј, е на првата позиција по турнирот во Париз и сега е полн со самодоверба.
Смета дека тој е еден од фаворитите во Лондон.
„Имаше години кога мислев дека можам да стигнам подалеку на завршниот турнир. Минатата сезона се подготвував повеќе на земја.“
„Сега е поинаква ситуацијата, во Париз бев одличен и подготвен сум за Лондон.“
„Чувствувам повеќе самодоверба, ја удирам топката многу добро, а така и се чувствувам.“
Енди Мареј е во група со Чилиќ, Нишикори и Вавринка.