Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марио Балотели веќе низ годините носи маичка под дресовите со натписи кои се однесуваат на родендени, празници или други важни датуми. Еден од најпознатите е маичката со натпис „зошто секогаш јас„
Човек кој во Сити е задолжен за тие работи се вика Лес Чампан и тој пред новото дерби на Манчестер се потсети на денот кога Балотели му дојде со таква идеја.
Чампан откри и дека Марио пред оваа идеја имал две други контроверзни идеи, Чампан не ги прифатил па Марио се одлучил за „зошто секогаш јас„
„Беше совршено време за таков потег. Имаше и молби до мене од Марио и останатите играчи да им ставам натписи по дресовите. Балотели во понеделникот ме праша за таков натпис и му реков дека натписот не смее да содржи навредна содржина кон играчите на Јунајтед. Ми предложи две фрази но му реков нема шанса па му светна идејата за „зошто секогаш јас„. Тоа го испечатив“ – вели Чампан.
Да се потсетиме, Сити дуелот го доби со убедливи 6:1, а Марио постигна 2 гола.