Марија Шарапова – Нема да работам како тренер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дали ова значи дека крајот на кариерата ќе биде нејзино „збогум“ со тенисот?

Руската тенисерка Марија Шарапова изјави дека не планира да се занимава со тренерската работа по завршување на кариерата.

„Мислам дека нема да работам како тренер. Како што знаете, ја водам својата работа за која немав време во минатото. Откако ќе ја завршам тениската кариера нема да имам проблеми со наоѓање на време.“

Таа во професионалниот тенис ќе се врати на крајот на април по суспензијата поради допинг. Претходно беше најавено дека ќе учествува во Штутгарт.

Шарапова во кариерата освои 5 Грен Слем титули, како и сребрен медал на ОИ во 2012 година, а во 2008 година со Русија стигна до трофејот во Фед купот.