Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид го очекува реконструкција наредното лето. Се очекува заминување на голем број фудбалери, а притоа се најавуваат и многу засилувања.
Пред излезните врати од „Сантијаго Бернабеу“ се Герет Бејл, Иско, Карим Бензема, како и Марсело.
„Марка“ денеска објави листа со желби на „кралевите“. На неа има пет фудбалери, а претседателот Флорентино Перез ќе бара стопер, лев бек, двајца фудбалери за врска и класичен напаѓач.
Многу имиња се поврзуваат со Реал, па речиси е јасно дека во клубот ќе стигне Едер Милитао од Порто, кој може да игра како десен бек.
Шпанските медиуми открија име на уште една од потенцијалните желби на Перез, а тоа е Миралем Пјаниќ од Јувентус, а имињата на другите потенцијални засилувања не се споменуваат.