Марка тврди, Бејл се сели во Манчестер Јунајтед


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот весник „Марка“ пренесува дека Жозе Мурињо го убедил Герет Бејл да си замине од Реал Мадрид со цел да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед.

Иднината на Велшанецот на „Бернабе“ е неизвесна откако не успеа да се наметне како постојано решение за напаѓачката линија на Зинедин Зидан.

Од Манчестер Јунајтед долго време се заинтересирани за Герет Бејл, а ново настанатата ситуација во неговиот сегашен клуб им дава можност да се обидат конечно да го донесат во своите редови.