„Марка“ ја откри иднината на ѕвездата на Реал Мадрид (ФОТО)


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Девет трофеи за три сезони во Реал Мадрид освои Матео Ковачиќ, а од тоа три беа во Лигата на шампиони. Меѓутоа играше премногу малку за да остане во екипата.

Ковачиќ одигра 109 натпревари, а постигна три гола, па сака да замине од Мадрид и да замине во екипа, каде што ќе му биде гарантирано местото во првиот тим.

„Марка“ пишува дека Ковачиќ инсистира да замине од Мадрид, а состанокот со неговиот нов тренер Хулен Лопетеги траел премногу краток и јасно е дека наскоро ќе ги напушти „кралевите“.

Шпанскиот медиум пишува дека Реал за него ќе бара 50 милиони евра, а досега се споменуваше Манчестер сити како заинтересиран тим, како и неколку италијански екипи.