Маркез падна, Вињалес ја освои Аргентина, Роси втор


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес победи на ГН на Аргентина возена на патеката Термас Рио Де Хондо.

Маркез тргна од пол позиција фантастично. Направи голема предност после два круга, но падна. Маверик Вињалес пред тоа го помина Крачло и се најде на лидерската позиција. Валентино Роси се проби третата позиција зад Крачло. На почетокот на трката падна и Хорхе Лоренцо. Италијанскиот возач на Јамаха шест круга пред крајот го помина Крачло и стигна до втората позиција. Трката не ја завршија и вторите возачи на Репсол Хонда и Дукати, Дани Педроса и Андреа Довициозо кој исто така предвреме ја заврши трката. До крајот на трката Вињалес го задржа водството и победи. На втората позиција заврши неговиот колега, Валентино Роси, а трет Кал Крачло.

1.Маверик Вињалес – Јамаха
2.Валентино Роси – Јамаха
3.Кал Крачло – ЛЦР Хонда
4.Алваро Баутиста – Пул и Беар Аспар
5.Жоан Зарко – Монстер Тех 3
6.Жонас Фолгер – Монстер Тех 3
7.Данило Петручи – Окто Прамак Рејсинг
8.Скот Рединг – Окто Прамак Рејсинг
9.Џек Милер – Марк ВДС Рејсинг
10.Карел Абрахам – Пул и Беар Аспар
11.Лорис Баз – Авинтиа
12.Тито Рабат – Марк ВДС Рејсинг
13.Хектор Барбера – Авинтиа
14.Пол Еспаргаро – Ред Бул КТМ
15.Бредли Смит – Ред Бул КТМ
16.Андреа Јаноне – Сузуки

Трката не ја завршија:

Марк Маркез – Репсол Хонда
Дани Педроса – Репсол Хонда
Алеиш Еспаргаро – Априлија
Андреа Довицозо – Дукати
Хорхе Лоренцо – Дукати
Сем Ловс – Априлија
Алекс Ринс – Сузуки