До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Како што пишуваат медиумите во Англија, Марко Ројс е на радарот на Тотенхем.
Германецот се уште не одлучил дали ќе го продолжи договорот со неговиот актуелен клуб Борусија Дортмунд и побарал време да одлучи дури по Светското првенство во Русија.
Бројни екипи будно ја следат ситуацијата околу Ројс, а најзагреани за неговите услуги се Ливерпул и Тотенхем.
„Дејли Мирор“ пишува дека „Петлите“ сепак имаат блага предност во однос на Ливерпул затоа што биле подготвени да му понудат поголеми примања со оглед на фактот што со сигурност ќе го продадат Кејн и ќе имаат огромни средства за трошење следното лето.















